DUDIT ви дава целосна проценка на можните проблеми и негативности поврзани со вашата употреба на дрога. Исто така можете да добиете информација за тоа каде може да се обратите за поддршка и помош ако сакате да ја намалите или прекинете употребата на дрога.
Тестот има единаесет прашања поврзани со вашата употреба на дрога. Исто така од вас ќе биде побарано да ги кажете вашиот пол и возраст. Ве молиме одговорете на прашањата најкоректно и најискрено што можете-во спротивно повратните информации (резултатот) ќе немаат смисла за вас. На страницата 2 ќе бидете прашани за уште девет доброволни додатни прашања.
Вашите одговори ќе бидат чувани во базата на податоци исклучиво за статистички цели. Никакви лични податоци нема да бидат зачувани, ниту пак ќе може да бидете идентификувани според вашите одговори.
DUDIT е научно потврден тест кој се користи со години од многу професионални советувачи за дрога.